среда, 18. септембар 2013.

МУЗИКА


Музиката е уметност која се состои од звуци и тишина искажани преку временска единица. Елементи на звукот кои се користат во музиката ссе интензитетот (вбројува мелодија и хармонија), ритам (вбројува такт и темпо), и вокални квалитети, како што се артикулација, динамика и текстура.
Употребата на музиката, во нејзиното создавање, изведба, значение па и во нејзината дефиниција, варира во зависност од социјалниот и културниот контекст. Таа варира од строго организирани композиции и перформанси до импровизација. За потребите на класификацијата таа е поделена во категории односно родови.


Музиката се користи за многу цели како на пример Комуникација,религија академско проучување, естетски форми, забава итн.



РИЈАНА



Робин Ријана Фенти попозната само како Ријана родена на 20 февруари, 1988 во Св. Мајкл, Барбадос e барбадоска пејачка. До својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но потоа се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.
Во 2005, Ријана го издава нејзиниот деби албум насловен Music of the Sun, кој успева да се искачи во топ десет на американскиот Билборд 200 и го содржи доминантниот Билборд Хот 100 хит „Pon de Replay“. После нецелосна година го издава и вториот студиски албум, A Girl Like Me, кој се искачува во топ пет на Билборд 200, а од него произлегуваат првиот американски број еден сингл на Ријана, „SOS“, како и двeтe топ десет песни „Unfaithful“ и „Break It Off“. Третиот студиски албум Good Girl Gone Bad  е досега нејзиниот најуспешен албум, кој успева да се искачи на втората позиција на американскиот Билборд 200. Албумот содржи пет топ десет хитови, вклучувајќи ги американските број еден „Take a Bow“ и „Disturbia“, како и интернационалните „Umbrella“и диско химната „Don't Stop the Music“. Албумот беше номиниран за 9 Греми Награди, успевајќи да ја освои наградата за Најдобра рап соработка за „Umbrella“, која е соработка заедно со Џеј-Зи. Нејзиниот четврти студиски албум, Rated R го издава во ноември 2009 и успева да ја достигне четвртата позиција на Билборд 200. Првите три издадени синглови „Russian Roulette“, „Hard“ и „Rude Boy“ стигнаа до топ десет на Билборд Хот 100, со тоа што „Rude Boy“ се искачи на врвот и остана таму за време од пет напоредни недели. Loud, петтиот студиски албум на Ријана е издаден во ноември 2010. Во него се вклучени интернационалните хитови - „Only Girl In the World“, „What's My Name?



СЕЛЕНА ГОМЕЗ
Селена Марие Гомез (22 јули 1992 година) е американска актерка, и пејачка, најдобро позната по Алекс Русо добитничката наЕми награда за учеството во телевизиската серија “Волшебници од волшебното место“. Подоцна учествувала во главните улоги во телевизиски филмови: “Уште една приказна за Пепелашка“, “Волшебници од волшебното место - Филмот, иПрограма за заштита на принцезите. Таа ја направи нејзината театарска деби улога во филмот Рамона и Безус“.
Нејзината кариера се проширила во музичката индустрија, Селена е водечки вокал и основач на поп бендот Selena Gomez & the Scene, со која има издадено два студио албуми, “Kiss & Tell“ и “A Year Without Rain“, кои имаат добиено сертифицирано злато од РИАА. До април 2011 г., бендот продал 1,354,000 албуми во Соединетите Држави. Сел истотака придонела за соундтракот во “Ѕвончица“, “Уште една приказна за Пепелашка“, и “Волшебници од волшебното место “ по потпишувањето договор со Холивуд Рекордс. Во 2008 г., Селена била прогласена за амбасадор на добрата волја во УНИЦЕФ.
Гомез е родена во Големата Прерија , во Тексас. Таа е ќерка на поранешна сценска актерка Манди Тифи (моминско презиме Корнет) и на Рикардо Џоел Гомез. Нејзиниот татко е Мексикански Американец а нејзината мајка е со половина италијанско потекло. Во однос на нејзиното шпанско наследство, Гомез изјавува: “Моето семејство има Quinceañeras, и ние одиме на причестување во црква. Правиме се што е католичко, но навистина немаме нешто традиционално, освен што одиме на скара во паркот во недела после црквата.“ Нејзините родени родители се развеле кога таа била пет години, и таа била израсната како единствено дете од нејзината мајка. Во 2006 година мајка и се премажила за Брајан Тифи. Таа е името го добила по пејачката Селена. Во интервју во 2009 година за People магазинот, изјавила дека нејзиниот интерес за актерство се развил како резултат на тоа што ја гледала нејзината мајка како се подготвува и глуми во театерски претстави. Таа се здобила со висока школска диплома преку домашна обука во мај 2010 година. Гомез почнала да носи прстен за невиност кога била 12 години, и го тргнала во 2010 година. Селена Гомез е истотака сопственик на пет кучиња која ги спасила и се опишува себеси како голем љубител на животни.



МАЈЛИ САУРУС

Мајли Сајрус  е американска поп-рок ѕвезда, глумица и композитор на песни. . Нејзиното родено име е Дестини Хоуп Сајрус (Destiny Hope Cyrus), но бидејки како мала постојано била насмеана, нејзиниот татко Били Реј Сајрус (Billy Ray Cyrus) постојано ја викал smiley, а како рима на тоа е Мајли, по некое време таа официално си го смени името во Мајли Реј Сајрус.Таа е позната како Мајли Стјуварт во серијата Хана Монтана на каналот Дизни во која Мајли пее песни и дознава за нејзиниот талент пеење. Мајли Сајрус е родена во Нешвил. Таа е ќерка на Летиција „Тиш“ Сајрус и кантри пеачот Били Реј Сајрус. Таа има две сестри и тројца браќа.Нејзинот постар полубрат и постара полусестра се од претходната врска на нејзината мајка Тиш Сајрус. Постариот брат Трејси е пеач во поп-групата Метро Стејшан (Metro Station). Постарата сестра Бранди Сајрус, и прави друштво на Мајли во скоро сите нејзини концерти како свирач на гитара.Таа има и помлад брат Брејсон(Braison) и пом
ала сестра Ноах(Noah).Исто така има уште еден полу-брат од претходната врска на татко кој се вика Коди(Christopher Cody).


Нема коментара:

Постави коментар